Таравари: Состојбата на критичните пациенти е благо подобрена

Девет пациенти денеска беа пуштени на домашно лекување. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека има добри вести од странство за повредените пациенти во дискотеката Кочан.Според него, има и добри вести за четворицата пациенти во критична состојба кои се на лекување во странство.„Иако сè уште се во сериозна состојба, тие се во подобрена состојба во споредба со вчера. Оптимист сум дека и тие ќе се подобрат – ова е моја информација. Некои лабораториски параметри покажуваат дека има подобрување денес. Сепак, секогаш мора да бидеме внимателни. Кога ќе бидат подобри, ќе ве известиме. Засега, ова е информацијата“, рече министерот, навестувајќи дека двајца пациенти од Шведска и Литванија утре ќе се вратат.Таравари повтори дека лекувањето за сите пациенти е нула денари и дека се обезбедени авионски билети и сместување за двајца членови на семејствата на лицата кои се лекуваат во странство. Тој е дециден дека се покриени сите трошоци на пациентите, од сместување и лекување до превоз.

Пронајдете не на следниве мрежи: