Тасевска: СДСМ ја намали невработеноста за 10% и ја покачи просечната пензија за 40%

Во последните неколку години економските и интеграциските политики на СДСМ донесоа поголеми плати и пензии и економската стабилност во услови на повеќе кризи, вели пратеничката на владеачката партија, Лидија Тасевска.

Според неа, податоците се особено јасни ако се спореди со времето на ДПМНЕ.

-Стапката на невработеност во 2016 година беше речиси 24%, СДСМ успеа да ја намали драстично и денес е околу 14%. Само за една година имаме зголемена вработеноста од 9,5%. Минималната плата на работниците во државата, во 2016 година со ДПМНЕ изнесуваше 10.000 денари а во некои сектори и 8.000 денари. СДСМ неколкупати ја зголеми минималната плата и од оваа година изнесува 21.000 денари. Двојно повеќе во однос на ДПМНЕ.

INFOMAX.MK
Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина …
Страшно: Невремето ја парализира Албанија
Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси …

Просечната нето плата во 2016 година изнесувала околу 22.000 денари. СДСМ го оствари изборното ветување пред време и во 2023 година, просечната нето плата е историски највисока и изнесува 37.000 денари.

Просечната пензија СДСМ ја зголеми за 40%, во однос на времето на ДПМНЕ во 2016 година, истакна Тасевска на прес-конференција.

Пратеничката уверува дека со членството во Европската Унија овие економски резултати ќе бидат значително поголеми.

Затоа СДСМ е посветена на интеграцијата и членството во ЕУ, за поголеми плати и пензии. Тоа ДПМНЕ го блокира со своите неразумни постапки, блокираат поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард, рече Тасевска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.