Сашо Тасевски до Пендаровски: Дали сега сфативте во какви го*на не пикнавте со вашата љубовна авантура?

Во свој стил, остро, критички и аналитички Сашо Тасевски му се обрати на Пендаровски преку Фејсбук статус АЛУДИРАЈКИ НА ФАМОЗНОТО „ГДЕ СИ ЉУБАВИ“, кој што го пренесуваме во целост подолу:

Сашо Тасевски до Пендаровски: Дали сега сфативте во какви го*на не пикнавте со вашата љубовна авантура?

Пендаровски!

Намерно не те нареков претседателе.

Така ќе ти се обратам ко ќе ја заслужиш таа функција и титула.

Човече, мегафони на официјалната бугарска политика кон нас ти се закануваат со атентат.

Таа фашистичка будала, кој е европарламентарец им се заканува на Македонците дека ќе им ги сече рацете. Ја нарекува Македонија бугарска. Така со години. И не е сам. Зад него е официјална Софија. И вие уште се фемкате како власт. Резил бе.

Сега кога веќе Бугарите глумат повредени француски собарици, ги замрзнаа односите со нас и си го повлекоа амбасадорот, за да бапнат уште едно вето и да го зголемат влогот пред вас квислинзите, уште ќе калкулирате

До кога бе?

Пендаровски еве го часот кога мора да го одбраните она што остана од несреќнава држава.

Затворете им ги бугарашките наци клубови.

Влезете во нив со мајагери. Ако најдете нивно сомнително финансирање, антимакедонски материјали, книги, пропаганда, планови за дестабилизација или субверзивна дејност, апсете ги челниците и на суд.

Оти сите тие клубови ќе бидат јатачки и регрутни бугарашки гнезда за десет петнаесет години ко ќе почне поделбата на Македонија. Тие гнезда ќе ни бидат зад грбот и ќе бидат многу поопасни. А роварат и сега. Го знаете тоа и молчите Пендаровски.

За албанските слични клубчиња нема да зборувам зашто се сега партии во власта и очигледно одамна се откажавте од Западна Македонија. Ко ќе се дели и таа, веројатно тогаш ќе му ја мислиме, штом се припука.

Но не дозволувајте Бугарите да тераат со нивниот процес на бугаризација.

Мора да имаме чист терен зад грб ко ќе почне поделбата. На два фронта нема да можеме да одговориме.

Од тие причини Пендаровски, растурете ја и историската комисија. Немаме за што да преговараме со Бугарите..

Забранете им го влезот, пристапот на јубилејот за Гоце во Св. СПАС. Поштеди не од уште еден срам Пендаровски. Убеди ја будалата Обиџуко да го направи тоа. Убеди ја и мисирката над него.

Пендаровски дали сега сфативте во какви гомна не пикнавте со вашата љубовна бугарашка авантура.

Дали знаетее дека така како Џамбаски и лепо друштво, се однесуваше и Шешељ со екипата низ Хрватска и до што доведе тој шовинистички примитивизам.

Пробај барем еднаш да бидеш на нивото на функцијата што ја извршуваш.

Не го продавајте својот народ за малку повеќе власт, моќ и по некое куферче со витамини.

Се надевам пишаното ќе го прочиташ.

Не сум умен како тебе, но одамна знам каде води сето ова. Имам некоја интуиција и знам да соберам два и два. Кај мене се четири. Кај вас не се никогаш четири и ќе уништите цели генерации Македонци и ќе ги избркате јабана ако не се пресметате жестоко со петтата колона, платениците и негаторите на Македонците

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.