Тасевски: Мртов пијан прегази девојка на пешачки и убиецот пак ќе биде на улица!

По веста дека Апелацискиот суд по вторпат му ја намалила затворската казна на пијаниот возач кој ја усмрти студентката Фросина на пешачки премин кај Универзална сала актерот Сашо Тасевски реагира на Фејсбук.
Кривичниот суд прво го осуди на 6 ипол години затвор. Апелацискиот суд ја поништи пресудата и го врати судењето од почеток. На второто судење возачот беше осуден на 4 години затвор, а Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на три години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.