Тасевски: Павле Богоевски треба да понесе одговорност

Аферата со пратеникот Павле Богоевски не стивнува. Уште од појавувањето на видеото во кое се слуша разговорот на Богоевски, актерот Сашо Тасевски постојано го коментира односот на пратеникот, во очекување дека тој ќе понесе морална одговорност.
И во синоќешното гостување на ТВ “24“ Тасевски зборуваше за Богоевски, нагласувајќи дека тој мора да понесе одговорност по случувањата со снимката.
-Богоевски во Парламентот не претставува одредено лоби на наркофили, ако таа група го донела во Собранието, во ред. Но, ако го донела една многу поширока група, тогаш има кабает во него. Неговото однесување покажува дека тој сака да го скрие тој дел од себе ако му е автетентечен, ако тоа го прави во приватен живот. Некој тоа добро го спакува, го искористи. Но, тој не е само Павле Богоевски, тој е пратеник претставник на граѓани и затоа треба да понесе одговорност, рече Тасевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.