Таткото на Боки 13 ќе одговара за претепувањето на свештеникот

Обвинителството поднесе обвинителен предлог против насилник што институциите го криеле 30 месеци, пишува АЛФАТВ.
По две ипол години заглавен во правните лавиринти, случајот на свештеникот кој беше физички нападнат од Миле Јовановски, татко на првоосомничениот во аферата Рекет, Боки 13, конечно ќе влезе во судница.
Иако предметот беше заглавен во фиоките на институциите, дали под нечиј притисок или не, откако медиумите, односно телевизија Алфа повторно ја актуелизираше темата за нападот на свештеникот Виктор Стојчев, конечно се огласија од кривичниот суд и според извори на Алфа првото рочиште за случајот е закажано за 21.10.2019 година.
Алфа пред десетина дена испрати прашања до кривичниот суд каде побаравме информации од судот околу случајот за нападнатиот свештеник, од таму се уште одговор не добивме.
Не добивме одговори ни на дузина прашања кои ги испративме во обвинителството за случајот, но одговорија дека испратиле обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда.

Инаку на Божиќ 2017 година, физички е нападнат свештеникот Виктор Стојчев, пред очите на неговата сопруга и деца, а е и вербално навредуван од страна на Миле Јовановски и Боки 13. Кавгата настанала заради паркинг простор. За случувањето сведочи и видео снимка.
Иако снимката кажува доволно сепак напаѓачите во јавноста излегоа со сосема поинаква приказна, каде тие се нападнати, а не строители на делото.
На свешетникот му е нанаесена тешка телесна повреда, односно фрактура на ногата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.