Таткото на Вања негирал дека давал информации на Љупчо Палевски за движењето на неговата ќерка

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски на распитот во ЈО негирал дека давал информации на Љупчо Палевски Палчо за движењето на неговата ќерка, што според досегашниот тек на истрагата, доведе до нејзиното киднапирање, а потоа и до убиство.

Откриени чет групи на Телеграм каде се разменувале видеа, фотографии и совети за силување на жени
Нова истрага откри постоење на повеќе групи на апликацијата Телеграм, некои со дури 70.000 членови, каде што корисниците отворено разменуваат совети и стратегии за сексуално насилство и напаѓање жени. Истражувањето, од …
Апасиев: СДС не ја поддржа интерпелацијата, иако Илире Даути кочи нивен закон на комисија!?
Пишува Димитар Апасиев: СДС не ја поддржа интерпелацијата, иако Илире Даути кочи нивен закон на комисија!? Со тоа тотално се ДЕЛЕГИТИМИРАА себе си на политичката сцена и покажаа дека не знаат …

За неговата инволивраност инфомрации на државните органи дале тројцата други обвинети за кои судија на претходна постапка веќе одреди мерка притвор. Таа денес треба да биде продолжена, откако обвинителството ќе добие кривична пријава против нив поднесена од МВР.

За него вчера беше одредена мерка притвор од 48 часа, за кој обвинителството ќе бара продолжување доколку тој влезе во истрага, бидејќи за сите осомничени освен за првоосомничениот се уште се води истрага.

За Палевски, се отвори истрага по итна постапка, а со цел МВР да може да ја распише меѓународната потерница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.