Таткото на Вања: Немам поврзаност со овие луѓе за кои приметив дека не се каат, туку се разочарани од „царот“

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за првпат прозборе пред судот за деновите кога трагал по неговата ќерка, но и за сите детали од истрагата. Прв, прашања му поставуваше неговиот бранител, Владимир Туфекџиќ.
Адвокатот Владимир Туфекџиќ: Дали денеска се чувствувате спремен и согласен да дадете исказ пред судот за овој настан?
Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но сум согласен да дадам исказ и го чувствувам како обврска. Од почетокот на судењето реков дека се ставам на располагање на судот, поради неколку причини, пред се заради Вања, затоа што во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе, на кои сакам да има порачам дека тато е истиот тој човек кој од пред 4-декември и од тогаш навака се претставува во екстремно спротивно светло од она што сум. Се решив да соберам, да ги потиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите оние кои ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои не ме познаваат да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметив дека не чувствуваат ниту вина ниту покајание, приметив дека демонстираа гнев и разочарување од т.н. „цар“. Одновно и одново со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички и вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаа доказите како и за првото убиство за тој велешанецот Панче, и заташкаат, Господ знае уште колку убиства ќе направеле и киднапирале. За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која како соучесници контактите на Гоце Трајковски од полицијата и ‘Сејф сити’. Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание, и дека ќе престанале со дејствата“.
Адвокатот Владимир Туфекџиќ: Дали ги познававте лицата Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски од порано?
Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, додека траат рочиштата претежно мижам. Затворени ми се очите, не можам да ги гледам. Во минатото, не се сеќавам од која временска дистанца, се крена врева поколу објектот Тифани во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, меѓутоа не како Палевски туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено на ТВ ниту запознаено. Во коментарите со комшиите се говореше дека е голем бизнисмен, дека му го стопирале објектот затоа што наводно ‘Партизански одреди’ биле блокирани со самиот објектот, јас така паметам, не ми било важно, но сме коментирале. Тогаш дознав дека живее во близина на ‘Песталоци’ во голема куќа го голем двор, луксузно и наводно имал куче. Само сум слушнал за него. Исто така Зорица со родителите во периодот кога почнавме да се забавуваме, живееше во зграда која што позната како зградата на Упа, спроти фонтана, не знам како придонел во зградата, бидејќи сите знаевме дека е градена од комшија Страшо, газда на Бетон или Гранит, не знам точно. Дури го имав помешано со еден човек со многу понизок раст од него, Тоше, кој дознав дека е друг, со фирма Линк. Така го викаа Тоше Линк.
Адвокатот Владимир Туфекџиќ: Кога се прв пат дознавте за имињата на овие луѓе?
Обвинетиот Александар Ѓрочевски: За Љупчо Палевски дознав кога ме задржаа во станица. Цело време ме прашуваа како сум комуницирал со него, што сум договарал а за останатите имињата ми беа кажани, но и ден денес ги мешам, ми беа кажани од обвинителката Жаклина во присуство на мојот адвокат.
Адвокатот Владимир Туфекџиќ: Дали сте биле нарко зависник?
Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Релативно краток временски период во раните 90-тите поточно од 1993 до 1995 година. Мојата генерација ја зафати епидемија од нарко зависности. Не се гордеам со тоа, мене ме зафати и јас потклекнав меѓутоа веднаш штом почувствував дека сум заразен од супстанцата, побарав помош од семејството, им се поверив, иако тоа беше забележително, се гледаше, не беше тајна сите мои колеги тоа го приметуваа. Физички слабее човек. Сам најдов клиника во Турција, каде што бев се детоксицирав, 10 дена траеше третманот, и потоа следеше период на ресоцијализација кој за мене помина многу брзо, бидејќи имав поддршка од семејството имав разбирање од работодавците кои би дадоа неплатен одмор од три месеци, имав девојка, со еден збор имав живот на кој повторно му се вратив. Од тогаш до ден денес, не сум имал контакт со никаква нарко супстанца.
Адвокатот Владимир Туфекџиќ: Кажете ни дали бевте вработени и доколку сте биле, каде?
Обвинетиот Александар Ѓрочевски:Накратко, од својата 18-година работам. На времето беа популарни студентските задруги имав многу ангажмани преку студентските задруги, во туристичка агенција, фри-шоп, штедилница, прво вработување на неопределено работно време ми беше во Фершпед АД каде работев од 1993 до 2002 година потоа преминав во Кометал, во еден сектор од корпорацијата за инженеринг, кога се родија дечињата. Вања беше захтевно бебенце имаше грчеви, слаба и беше крвта бараше 24 часовен ангажман околу нејзе нѐ повикуваше со плач постојано, со Зорица се обидовме да земеме жена да платиме за испомош, не се покажа добра идејата, бидејќи Зорица имаше поголема плата од мене, решивме јас да останам дома и да ги чувам децата. Бидејќи разликата помеѓу нив е 1 година и 4 месеци. Тоа траеше до 2017 или 18- кога се вратив во Фершпед, каде што ми беше кажано дека таму за мене вратите секогаш се отворени. Истото важеше и за Кометал.
Повеќе ТУКА
The post Таткото на Вања: Немам поврзаност со овие луѓе за кои приметив дека не се каат, туку се разочарани од „царот“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: