Таткото на девојката која загина во Хрватска раскажува како глисер и ја откинал ногата (ВИДЕО)

Таткото на Верена Хајнц, 20- годишна девојка од Австрија раскажува за несреќата во Хрватска при што загина неговата ќерка. Трагедијата се случила во средата, првиот ден од нивниот одмор на Крк. Дитер Хајнц раскажал дека тој и неговата ќерка биле инструктори по нуркање и дека Верена овој викенд требало да држи курс на Малинска.
– Тргнавме на тренинг и нуркавме тој ден, за две минути бевме на длабочина од 15 метри. Пливавме кон брегот кога видовме дека кон нас доаѓа глисер со огромна брзина. Нагло се сврте кон нас и немавме време да реагираме. Удри во нас на 100 мести од брегот, каде што не требаше да биде, не повреди и двајцата, раскажал плачејќи Дитер.

– Не можете да го замислите тој ужас.  Ни ги скина и нуркачките одела и пераите. На Верена и ја откина ногата, мене ми го повреди стапалото. Хоророт продолжи во акцијата за спасување, како да сме во земја од трет свет. Ја чекавме Брзата помош цела вечност, никој не зборуваше англиски, а ни германски во болницата. Само главниот доктор, кој дојде да ми ја соопшти тажната вест, знаеше малку англиски – раскажал тој.
Со глисерот управувал хрватски државјанин, утврдено е дека бил под дејство на алкохол, но неговиот идентитет се уште не е познат.
Семејството Хајнц ангажирало адвокат да ги застапува, наводно, откако одредени медиуми пренеле дека несреќата се случила на 300 метри од брегот, што според познаници, не било точно.
И таткото и ќерката имале најсовремена опрема за нуркање, па часовникот на трагично загинатата девојка може да послужи како доказ на која оддалеченост се наоѓале, но и тој исто така е изземен од истрагата.

 

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.