Таткото на новогодишната ноќ го убил синот по физички конфликт

Според неофицијални информации до кои дојде ТВ21, по претходен физички конфликт, таткото со ловечка пушка го убил својот син.

Трагедијата се случила на 31-ви декември, а случајот предизвика шок и тага меѓу жителите на Тетово.

На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата која го пронашла оружјето со кое е извршено убиството.

Поради нарушена здравствена состојба таткото е пренесен во болница.

Се очекува официјалната истрага да ги утврди деталите и причините за овој трагичен семеен настан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.