Таткотo на Вања дента кога била киднапирана неговата ќерка тргнал кон местото каде што била убиена па на пола пат се вратил назад!

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во моментов пред судот сведочи полицискиот службеник Музафер Каишиќ поранешен помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

ПРАШАЊА ОД СУДИЈАТА:

С – сакам да појасните еден дел, а тоа е оној дел со бензинската пумпа и со снимката од пумпата, лицето што седело во возилото. Дали снимката што ја добивте од Гоце беше пред да имате сомнение за поврзаноста меѓу овие два настани?

– да, тогаш немаше никаква поврзаност

С – вие не се посомневавте првично дека има некаква поврзаност меѓу овие два настани?

– првично не, колегите разговараа со колегите од велес, тоа е човек што живеел сам и во тие моменти немаше сомнение, човекот е исчезнат но не се знаеше како, немавме сознанија и поврзаност со случајот со Вања

С – значи ли тоа дека вие снимката ја добивте пред да имате сознанија за поврзаноста, снимката ви ј а прати гоце?

– Гоце кажа дека има братучед што работи за бензинска пумпа, го прашавме зошто ја праќа снимката, но немаше објаснување, рече еве да ви помогнам, не ни беше јасно како да ни помогне, прашавме кој е со панче, не знам ама ќе го дознаам.

С – кога сфативте дека постои поврзаност?

– тогаш кога, првиот момент ги откривме камерите на кангото како се движи после цитроенот на Панче, кангото возеше позади него, тогаш почнавме да работиме на поврзаноста, ама не знаевме кој е во цитроенот додека не ни кажа кешишев

С – што кажа кешишев, кој е во возилото на пумпата?

– разговаравме со кешишев, првично не го посочуваше Боре. Потоа кажа во возилото е Боре, каратистот од Велес, јас кажав колегите да проверат и да го обезбедат

С – кога започна вашата комуникација со александар, на 27.11?

– кога беше пријавувањето, денот измина, ние се вклучивме вечерта и воспоставивме контакт со александар

С – кога се движевте со александар заедно со возилото, таа вечер?

– да, таа вечер, станот Капиштец, средно Водно, назад во станица.

С – ви кажа ли александар зошто смета дека е убиено детето, дека џабе барате, дека е киднапирана?

– јас прееска колку што можев објаснив со реченица-две, реков беше многу конфузен, потиштен, бараше помош, потоа рече џабе бараме, дај да бараме по мафијаши. Нас не зачудуваше фактот зошто тргнал дента во тој правец, по точниот правец кадешто беше грабнувањето на девојчето кон Блаце. Кажа дека сабајлето кога исчезнала малата, имал со мајката средба, тој тргнал кон Александар Палас, па тргнал кон Качанички Пат, имало гужва па се вратил.

С – ви кажа ли зошто не излегуваше од возилото?

– го прашав и јас, рече џабе бараме, таа е киднапирана, таа е убиена, па после дајте можеби не е убиена, да дадеме пари ако се јават.

Пронајдете не на следниве мрежи: