Татко и син претепани откако на митингашите на Вучиќ им рекле „пумпај“

Таткото и синот Бане и Аца Јевтиќ биле претепани во саботата во селото Крчевац, на излегување од Топола, откако синот им рекол на луѓето што се упатувале на митинг во Белград „пумпај, пумпај“. Постариот Јевриќ се здобил со фрактура на коските на лицето и носот и бил хоспитализиран во Клиничкиот центар во Крагуевац.

“Се враќав од работа со татко ми и застанавме во ресторан на пијачка, на излез од Топола. Имаше паркирани неколку автомобили и пристигнаа автобуси, јас лично познавам многу луѓе. Извикав “пумпај, пумпај” и почнав да влегувам во ресторанот”, изјави Аца Јевтиќ за Н1, опишувајќи како дошло до нападот.

Јевтиќ вели дека еден од групата почнал да го пцуе и да го удира во главата, а тој зел камен за да се одбрани. Кога видел дека напаѓачот се оддалечува, фрлил камен и се упатил кон својот татко, а токму тогаш видел како неколку мажи го тепаат.

„Татко ми само се обидуваше да ја смири ситуацијата, има 62 години, аполитичен и заситен од целата ситуација, не зборува. Кога се свртев, две-три лица го удираа, моментално е во Клиничкиот центар во Крагуевац, има скршеници на лицето и носот, модринки.

Тој посочува дека тој и неговиот татко биле повикани во полиција да дадат изјава, додека напаѓачите се вратиле во автобусот и го продолжиле патот кон Белград.

Во Белград денеска се одржува митинг за поддршка на Движењето за народот и државата, а претседателот Александар Вучиќ вечерва ќе им се обрати на поддржувачите на СНС.

Пронајдете не на следниве мрежи: