„Татко ми ме силуваше со години, мајка ми не ми веруваше сè додека не го најде покрај мене. Ме тепаше за секоја ситница“, турската актерка ги откри морничавите детали, ѝ се заканувал да не кажува никому и еве како ја уценувал

„Уморена сум од живот во кој се преправам како ништо да не се случило. Едвај го преживеав детството“, изјави една од најпознатите млади актерки од Турција, во шокантна исповед за силувањето што го доживеала.

Мелиса Донгел (26) поднесе тужба против својот татко во јули 2021 година со цел да го преземе старателството над нејзината помлада, тогаш 17-годишна сестра. Причината беше морничава – нејзиниот татко ја силувал , а таа не сакаше нејзината сестра да го доживее тоа насилство.

Тања била во 8-мо одделение кога била киднапирана од училишниот чувар: Ја држел заклучена во соба 10 години и ја силувал секој ден, а таа морала да се преправа како да не постои

„Тајно ме дрогираше, ме киднапираше, потоа ме силувал четири недели и се закануваше дека ќе ме убие“: Познатата пејачка на врвот на популарноста поминала низ пекол, сега е подготвена да зборува за сè.

„Мајка ми не ми веруваше. Ми рече: „Не оди во полиција, ќе го уапсат татко ти, потоа ќе го пуштат, а тој ќе те убие“, рекла турската актерка која се истакнала по улогите во сериите „Затропај на мојата врата“, „Нашата приказна“ и „Елиф“.

View this post on Instagram A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

Мајката на Мелиса јавно призна дека не ѝ верувала на ќерка си кога ѝ кажала дека е жртва на силување:

„Ќерка ми ми кажа пред две години дека нејзиниот татко ја злоставувал, но јас не верував во тоа бидејќи не го видов тоа. На крајот, го најдов покрај ќерка ми едно утро.“

Актерката со години одела на психотерапија за да се справи со траумата предизвикана од ужасното насилство.

View this post on Instagram A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

Мелиса Донгел изјави за турските медиуми дека нејзиниот татко ја силувал кога била во средно училиште. „Секогаш имало насилство во куќата. Нè удираше и нè шамараше за секоја ситница. Ми ја скрши раката само затоа што отидов во парк со мојата пријателка “, рекла таа.

Стравот ја спречил да раскаже сè порано, како и уцените на нејзиниот татко. „Не можев да кажам бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека мојата актерска кариера ќе заврши и дека нема да ме пушти да одам на училиште. Дури и се обидов да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев во болница. Но, потоа се покајав и се прашав: „Зошто си го правам ова?“. Но, не можев да си помогнам.“

Таткото на турската актерка изјавил дека неговата ќерка ги измислувала сите детали и дека тој никогаш не бил насилен кон неа.
The post „Татко ми ме силуваше со години, мајка ми не ми веруваше сè додека не го најде покрај мене. Ме тепаше за секоја ситница“, турската актерка ги откри морничавите детали, ѝ се заканувал да не кажува никому и еве како ја уценувал appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: