Татко ненамерно го повредил синот со воздушна пушка

На 30.05.2025 година во 16:25 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека од нив била побарана лекарска помош за лицето Ф.Д.(21) од Куманово.

Тој, според неговото кажување, бил ненамерно повреден од испукана дијабола од воздушна пушка при нејзино расклопување од страна на неговиот татко И.Д.(50) од Куманово.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: