Татко од Велес му се заканил на синот дека ќе го убие – итно заврши во притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор
Две лица со ретка крвна група добија органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин на семејство кое даде согласност за донирање на органите од бизок роднина, тие ќе продолжат да …
Рекордна вредност на биткоинот, за првпат над 90.000 долари
По рекордниот пораст на цената на биткоинот над 90.000 долари ја зголеми вкупната вредност на сите дигитални средства над 3,2 трилиони долари, најбогатите во светот на крипто забележуваат значително зголемување на …

Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.