Откако младата сподели видео на својот Фејсбук профил, луѓето биле воодушевени и на неа и кажале дека нејзиниот татко бил права ѕвезда на венчавката и дека и го украл шоуто.
Ејми Милер и нејзиниот татко Ијан Ричардс ги изненадија сите со својот со своите танцувачки вештини во текот на венчавката кое се одржа во текот на минатиот викенд во англискиот Јоркшир.
Тие двајца излегоа на подиумот и со танцувачките чекори ги воодушеви гостите, а младата видеото го објави на својот Фејсбук.
-Одговорот на видеото бил апсолутно преубав. Различни луѓе го погледнаа и сите бие воодушевени. Иако беше денот на мојата венчавка сите ми одговорија дека тато бил права ѕвезда и дека е легенда, признала Ејми.
Таа инструкторка по танцување, а точката со таткото била планирана откако се верела со долгогодишното момче Лијам. Таа и татко и во тајност ги вежбале чекорите.
-Луѓето знаеја дека нешто се случува кога мојот татко доаѓаше во моето студио, но не очекуваа дека заедно ќе танцуваме, кажала младата.