Од тука нема да излезам жив! Пекол во затворите за хрватските навивачи! Бел ден нема да го видите

Навивачите на Динамо, кои беа уапсени за масовни тепачки во Атина, добија пеколен пречек во затворите низ Грција, каде што беа сместени.

Од тука нема да излезам жив! Пекол во затворите за хрватските навивачи! Бел ден нема да го видите

21-годишниот член на ,,Бед Блу Бојс”, кој беше уапсен како и другите за убиството на 29-годишниот Михалис Качурис, навивач на АЕК минатиот понеделник, добил смртни закани истиот ден кога пристигнал во затвор. Тој се јавил на својот татко само неколку часа по пристигнувањето во затворот и ги кажал страшните детали.

Тој пристигнал само со уште еден хрватски државјанин, а во затвор се опкружени со навивачи на АЕК кои веднаш му упатиле смртни закани.

„Тато, жив нема да излезам одовде. Ме ставија во затвор со убијците на АЕК. Штом стигнав ме опколија, ми покажаа отсечена глава, рекоа – нема да видиш бел ден”, го раскажа разговорот со синот Роберт Жига, таткото на уапсениот навивач, пренесува „Дневник.хр“.

Болниот крај на разговорот го раскажа и таткото.

,,Го смирив, го охрабрив, му теков дека сè ќе биде во ред”.

Ми рече: ,,Извини, знаеш дека се зае*ав и дека можеби ова е последен пат да се слушнеме”.

Така им завршил разговорот.

Тој затвор се наоѓа на околу 150 километри од Атина. Вториот навивач од Хрватска има 23 години и е во друга ќелија. Засега не можел да се слушне со родителите.

Да потсетиме, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, најави дека ќе бидат затворени сите фудбалски навивачки групи во земјата. Тие ќе бидат заменети со официјални здруженија кои ќе функционираат од седиштето на секој фудбалски клуб.

„Навивачките клубови се затвораат. Секој тим ќе има само по еден фан клуб, кој ќе биде во седиштето на клубот“, рече Мицотакис.

Премиерот на Грција ова го изјави по средбата со претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин, со министрите во грчката влада, како и со сопствениците на четирите најголеми клубови во земјата, Олимпијакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

Мицотакис додаде дека полицијата ја презема контролата над влезот на навивачите на стадионите.

Пронајдете не на следниве мрежи: