Македонската брачна фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе некоја година се на привремен престој и работра во далечната Австралија. Ја сменија локацијата на живеење, ама не ја сменија професијата. Обајцата и понатаму пејат.
И додека овде кај нас е ладна зима, на најужниот континент е како што е познато лето. А кога е лето, најудобно е во бикини, па Татјана покажа како ужива во топлите денови на плажа, споделувајќи ги фотографиите со своите следбеници на социјалните мрежи. Малку уживанција, малку провокација, по некое мевце, плус-минус…
Арно ама, во меѓувреме таа и нејзиниот сопруг добија примамлива новогодишна понуда која не се пропушта… Па распеаната брачна двојка ги спакуваа куферите, ама не ги понесоа бикините… Понесоа џемпери, ракавици, капи и чизми. Зашто таму каде што требаше да настапат за нова година е -20, -25… Оти, во прашање е Канада!
Но, тоа не ги спречи распенаите ссопружници да направат што би се рекло, „забава за сите пари“, на која нашинците и останатите гости кои живеат во Торонто , а се по потекло од нашиот регион уживаа во веселбата за највеселата ноќ.
Се разбира, Татјана и Новица атмосферата претходноо ја подгрејаа со секси новогодишна фотосесија.
А љубовното танго, брачната фолк двојка во истите тие Дедо-Баба Мразовски костими, го оттанцуваа и на бината во новогодишната ноќ.
Понежната половина од пејачката двојка пак, не можеше да му се изнарадува на снегот… Природно. Со години не го видела откако е во Австралија, зашто таму речиси и да не паѓа…
Ама, затоа во Канада… Па така, Татјана тргна да ја слави Нова Година во бикини, а ја дочекаво бунда. А снегот? Нему пејачката му се радуваше како мало дете, па испрати малку снегче и за Австралија… заедно со еден постновогодишен бакнеж!