Тајван ќе го продолжи својот задолжителен воен рок од четири месеци на една година, најави денеска претседателот Цаи Инг-вен, нагласувајќи дека островот мора да се подготви за растечките закани од Кина.
Сегашниот воен рок од четири месеци не е доволен за одговор на постојано и брзо менување на ситуацијата, рече таа на прес-конференцијата.
„Одлучивме да го вратиме едногодишниот воен рок од 2024 година“, додаде претседателот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.