Кристијано Роналдо дреме петпати на ден, секој пат по 90 минути, а благодарение на оваа рутина е еден од најдобрите во светот.
Експертот за спиење, Ник Литлхејлс, работеше со Роналдо кога тој беше во Реал Мадрид, а во интервју за The Independent откри како тоа функционира кај него.
„Роналдо спие во фетална положба и е опседнат да биде најдобар што може. Би тренирал цел ден и би очекувале да трча директно во соблекувалната за да се истушира, но тој доаѓа до персоналот и прашува за што разговараме. Секогаш сака да знае што мислиме бидејќи како спортист вложува многу во себе“, рече тој.
Режимот на спиење на Роналдо, објаснува Литлхејлс, е клучен за закрепнување од тешки тренинзи.
„Тоа не е класична дремка, тоа е за постари луѓе кои гледаат телевизија. На овој начин спие помалку, но го забрзува закрепнувањето. Многу млади спортисти страдаат од несоница, анксиозност и се под голем стрес. Сето тоа е од големите напори што ги имаат.“
Според Литлхејлс, Роналдо не е заинтересиран за модерни диети.
„Тој не сака да ги копира другите, го интересира само она што му одговара“, додаде тој.
Покрај горенаведеното, Роналдо час и половина пред спиење не го користи мобилниот телефон и на тој начин ги одмора очите.