Тајсон: Не мислам дека ова е мојата последна борба

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги сподели своите емоции по поразот во борбата со блогерот Џејк Пол ноќеска во Арлингтон (Тексас, САД).

Борбата имаше официјален статус и траеше осум рунди. Дваесет и седумгодишниот Пол победи со едногласна одлука (80:72, 79:73, 79:73).

-Не сум изненаден што се случи ова. Не се обидував никому ништо да докажам, само мило ми е што успеав да се борам. Пол е добар борец. Дали е ова крај на кариерата? Зависи од ситуацијата. Мислам дека ова не е мојата последна борба, изјави Тајсон по мечот.

Педесет и осумгодишниот боксер го претрпе седмиот пораз во 57 меч во професионалната кариера. (МИА)

Пронајдете не на следниве мрежи: