Тврдењата на Москва се неразумни и лажни, тврди Стејт департментот

Обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија со кое се даде зелено светло за отпочнување со Уставните измени во земјата американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда.
– Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и лажни. САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да ги започне Уставните промени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа со Грција. САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за промоција на стабилност, безбедност и просперитет во целиот регион, изјавил портпарол на Стејт департментот на брифинг во Вашингтон на прашање на грчки новинар, пренесува АНА-МПА.
На оние кои сакаат да истражуваат како македонските пратеници ја донеле нивната одлука, тоа да го сторат во консултација со самите пратеници наместо со користење на руско деинформирање и пропаганда, им сугерира Стејт департментот.
Вчера и македонското МНР категорично ги отфрли како целосно неосновани и невистинити наводите и квалификациите изнесени во коментарот на секторот за информирање на МНР на Руската Федерација во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собрението на Р.Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.