Снегот кој паѓаше во изминатите денови во западниот дел на земјава, направи многу проблеми.
ТВ21 контактираше со жители на селото Вејце, кои не можат да се симнат од селото и да ги однесат на лекар болните деца.
„Сме тргнале надоле, со болни деца, а сме блокирани и не можеме да одиме понатаму. Автомобилот е заглавен, ова е катстрофа. Има два часа откако тргнавме“, вели оџата на селото.
ТВ21: Имаше ли некој багер кој чистеше.
„Не, нема ништо. Пред два дена помина и не чистел ништо. Патот е затрупан, и со ланци е проблем затоа што има многу снег.
ТВ21: Гледаме во автомобилот имате дете…
„Детето е болно, одиме на лекар, инаку не би излегле од дома. Имаме мака. Сега ќе мораме пешки да се движиме надолу, а има 4 километри.
ТВ21: Сте комуницирале со општината?
„Да ама со кого да зборуваш, како да зборуваш со дрвја“.