Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светската банка

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка на Р. Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светската банка (СБ).
Како што соопшти НБРМ во рамки на средбите се закажани состаноци со извршниот директор на СБ, Френк Хемскирк, директорката за Југоисточна Европа на СБ, Линда ван Гелдер, потпретседателот на Светската банка, Сирил Мулер, извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.
Годишните средби на ММФ и Светската банка се одржуваат секоја година и на нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки. Се дискутира за актуелните случувања во светската економија и на теми како намалувањето на сиромаштијата и потикнувањето на економскиот раст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.