Тевдовски се пофали дека земјава ќе земе заеми од 420 милиони долари!

Министерот за финансии, Драган Тевдовски се пофали дека во наредните четири години земјава од Светска банка ќе земе заеми од 420 милиони долари. Како што тврди тој, овие кредити се веќе влезени во плановите за задолжување наведени во последната Фискална стратегија. Според Стратегијата, идната година јавниот долг на земјава треба да достигне 52,3 отсто.
Власта уверува дека новите кредити ќе бидат со поволна камата, но не се соопштува висината на истата, ниту пак се соопштени проектите за кои што ќе бидат наменети овие средства.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.