Акцијата Еко попуст продолжува и носи уште повеќе предности за корисниците. Сега, можете да го искористите еко попустот од 3000 денари за T Phone во текот на целата година. Листата на уреди кои носат попуст е проширена, па освен телефоните, можете да оставите и слушалки, таблети, паметни часовници и полначи. Оваа иницијатива, со која корисниците директно придонесуваат, започна пред неколку години. До сега, соработувајќи со „Нула Отпад“, собрани се над 40.000 стари мобилни уреди за рециклирање. Еко-попуст иницијативата носи знак за квалитет и одржливост #GreenMagenta од Дојче Телеком, кој е признание за одлични еко-иновации во целата групација.
Во основните и средни училишта и градинки во Скопје се организира акција за собирање стари уреди во соработка со „Нула Отпад“. Оваа акција се одвива во текот на април 2025 година, при што одделенијата и градинките што ќе соберат најмногу електронски отпад ќе добијат подарок – прочистувач за воздух. Оваа акција има за цел да го поттикне натпреварувачкиот дух и учењето за одржливост кај децата и младите. Македонски Телеком се става на задача да го редуцира негативното влијание врз природата, ставајќи акцент на циркуларната економија и имајќи за цел да направи позитивна промена за поздрава околина.
The post Телеком организира акција за собирање на стари електронски уреди appeared first on 365.mk.