Телеком Словенија во 2012-та остварил 793,1 милиони евра приход

Телеком Словенија, сопственик инаку на македонскиот мобилен оператор Оне, минатата 2012 година остварил 793,1 милиони евра приход, , како и добивка од работењето во износ од 62,3 милиони евра, објави во четвртокот словенечкиот национален оператор на интернет ресурсот на Љубљанска берза.

Приходот од работењето и добивката се намалени во однос на 2011 година, но чистата добивка е зголемена за 28 отсто, на 43,милиони евра.
 Со реструктуирање и оптимизирање на работењето, Телеком Словенија во последните две години остварил заштеди од 35 милиони евра, а процесот продолжува, се наведува во соопштението на компанијата.
Задолженоста на Телеком Словенија е намалена минатата година за 58,3 милиони евра, на 330,3 милиони евра, а во тековната 2013 година се планираат инвестиции од околу 130милиониевра, како и чиста деловна добивка од околу 50 милиони евра, се наведува во истото соопштение.
Словенечката влада неодамна својот удел во националниот телекомуникациски оператор го стави на листат на ткн нестратешки инвестиции наменети за продажба, што може да биде доведено во прашање од промените откако на владата на Јанез Јанша во средата и' беше изгласана недоверба.
Повеќето парти кои во новата влада има намера да ги вклучи новата словенечка мандатарка Аленка Братушек, имено, се спротиставуваат на брзата продажба на државниот портфељ во компании во мнозинска сопственост ан државата, поради моментално релативно ниската цена на нивните акции на пазарот.
Макфакс
Телеком Словенија, сопственик инаку на македонскиот мобилен оператор Оне, минатата 2012 година остварил 793,1 милиони

Пронајдете не на следниве мрежи: