Телма анкета: Заев три пати попопуларен од Мицковски. Тактизирањето очигледно не проаѓа кај гласачите

Зоран Заев е најпопуларен лидер со над 21 отсто од граѓаните кои се изјасниле дека имаат доверба во него. Тоа е два пати повеќе или 14 процентни поени повеќе од  Христијан Мицкоски, за кој се произнеле само 7,4 отсто од граѓаните. На бегалецот Груевски му веруваат само 2,7 отсто од испитаниците на анкетата на Телма и МЦМС, што ја направи агенцијата М-проспект.
Следен после Мицкоски е Иванов со 6,12 отсто поддршка, по него Ахмети со 5,7, а петти е претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со 3,8 отсто поддршка.
Она што е голема индикација на политичката криза е дека најголем процент или 39.9 од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар. Ова покажува дека има слободен простор кај неопределените кој е поголем од оној зафатениот на Заев и Мицковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.