Тело на почината жена во распаѓање пронајдена во Зрновци

Тело во фаза на распаѓање на почината жена е пронајдено покрај кејот на Зрновска Река. Засега жената не е идентификувана.
Обвинителството соопшти дека на терен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани и дека ќе биде наредена обдукција. Причините за смртта не се утврдени.
Полициски службеници и пожарникари го пребаруваат теренот каде е пронајдено телото на починатата жена.

Пронајдете не на следниве мрежи: