Жените го обожаваа како шармантниот доктор од хит серијата „Вовед во анатомија“, но зад заводливата насмевка на Патрик Демпси се криеше бурно и контроверзно минато.
Малкумина знаеја дека актерот, кој важеше за миленик на жените ширум светот, бил толку проблематичен за време на снимањето на серијата што неговите колеги наводно се соочиле со сериозен психолошки притисок, поради што продукцијата била принудена да го отстрани од проектот.
Патрик Демпси пораснал во мал град во Мејн, а образованието му претставувало голем проблем поради неговата тогаш недијагностицирана дислексија. Поради тешкотиите, тој го напуштил училиштето, а дијагнозата му била поставена дури години подоцна.
На само 21 година, актерот се оженил со жена по име Рошел Паркер, која била дури 26 години постара од него. Тие се запознале кога тој имал 18, а таа 44 години, додека таа ја играла неговата тетка во претстава. Иако бракот на почетокот изгледал хармоничен, тие се развеле во почетокот на деведесеттите години, по што во јавноста се појавиле сериозни обвинувања.
Рошел Паркер во судските документи тврдеше дека Демпси физички ја злоставувал , тврдејќи дека ѝ го скршил прстот за време на снимањето на филмот. Подоцна ги повлече своите изјави и рече дека обвинувањата се резултат на лош совет. Таа почина во 2014 година од рак.
Иако набрзо започна нов живот со сегашната сопруга Џилијан, ниту тој брак не беше без кризи. Во 2015 година, двојката се најде на работ на развод, но со терапија и заедничка работа, тие успеаја да го спасат своето семејство и брак.
Пронајдете не на следниве мрежи:



