Тензично прво полувреме одиграа Скопје и Башкими, во рамки на 12. коло од Втората лига, откако во финишот на првиот дел кој заврши без погодоци, навивачи влезе во теренот и сакаше да се пресмета со фудаблерите, па следуваше тензии и голема мешаница во која учествуваа фудбалерите на двете екипи.
За голема среќа немаше ескалации и страстите брзо се смирија, а натпреварот продолжи и се одигра, а исходот беше 2:1 за домашниот тим.