Тензично во Албанија: Маж со калашников влезе на избирачко место во Драч

53-годишен маж со калашников влезе на избирачко место во Драч, со чел да го попречи изборниот процес, пренесува Albeu.com.
Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканачи, кој се обиде да го оневозможни галасањето на едно од избирачките места во Драч.

Во соопштението од МВР на Албанија стои:
Осомничениот влезе со оружје на избирачкото место, му се заканувал на комисијата, ги искршил гласачките кутии, но беше уапсен од страна на полициските сили.
Полицијата го заплени оружјето марка калашников.
Инаку во Албанија денеска се одржуаат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на Еди Рама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.