Американскиот претседател Џо Бајден порано го прекина патувањето во Делавер, каде што требаше да го помине викендот, за да разговара за настаните на Блискиот Исток, соопшти денеска Белата куќа, пренесе Дневник.хр.
Техеран вети одмазда за израелскиот напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск минатата недела, во кој беше убиен висок командант на елитната единица „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда и шест други офицери.
Во петокот Бајден го предупреди Иран да не се одмаздува иако рече дека напад можеби е биде неизбежен.
„Ние сме посветени на одбраната на Израел и ќе го поддржиме. Ќе помогнеме во одбраната на Израел, а Иран нема да успее“,
рече Бајден.
Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на иранската амбасада, но иранскиот врховен лидер Али Хамнеи рече дека Израел мора да биде казнет за операцијата.
Претходно денеска иранската државна новинска агенција ИРНА јави дека Иранската револуционерна гарда го запленила бродот „МСЦ Ариес“ за кој велат дека е поврзан со Израел. Иранците најавија дека ќе го преместат бродот во иранските територијални води.