Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја помина и полуфиналната пречка на третиот турнир во Монастир Тунис и ќе се бори за пехарот од овој ИТФ турнир.
Противникот на Ивановски, Италијанецот Андалоро го предаде мечот во вториот сет. Македонецот првиот сет го доби со убедливи 6-1, во вториот водеше со 2-0 и тогаш италијанскиот тенисер се предаде.
Ивановски е втор носител на турнирот, а со оглед на тоа што првиот носител беше елиминиран уште во првото коло, Македонецот во финалето ќе влезе како фаворит без разлика со кој противник ќе игра.
На Калин добро му легна серијата турнири во Тунис, македонскиот тенисер има значителен напредок на АТП листата во изминатиот период.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.