ТЕНК Т-64 ОДЛЕТА ВО ПАРАМПАРЧЕ: Видео од фронтот во Украина

Министерството за одбрана на Русија објави застрашувачко видео на кое се гледа како Лансет удира во украински тенк Т-64БМ.

На видеото прво се гледа борбено возило на Вооружените сили на Украина како стои на работ на шумски појас.

ТЕНК Т-64 ОДЛЕТА ВО ПАРАМПАРЧЕ: Видео од фронтот во Украина

Набрзо влетало руско беспилотно летало камиказе кое удрило во страната на тенкот, по што оклопното возило се запалило. Неколку секунди подоцна, тенкот експлодирал откако активирал муниција во возилото.

Запалените делови од конструкцијата летаа во сите правци.

Министерството наведува дека уништениот тенк наводно целел руски позиции под закрила на шумскиот појас.

Моментот на уништување е снимен од станицата за оптичка локација на извидувачкиот дрон на таканаречената скитничка муниција Лансет.

Засега не се знае точно каде е направена снимката.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека од почетокот на контраофанзивата, Украина загубила 245 тенкови и околу 678 оклопни возила од различни типови. Меѓу оштетените и уништените возила наводно има и германски тенкови „леопард“, односно француски и американски оклопни возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.