Тепачки во супермаркетите во Германија за тоалетна хартија

Жестока кавга избила во супермаркет во северниот германски град Бремен откако клиентка одбила да прифати дека и е дозволено да купи само пакет тоалетна хартија, јави локалната полиција, цитирана од ДПА.
Жената почнала да се кара со продавачката заради ограничувањето што е воведено заради епидемијата од коронавирусот, а потоа и ја удрила, пренесува агенцијата.
Пријателот на клиентката неколку пати го удрил колегата на продавачката. На жената и е забрането веќе да влегува во супермаркетот, а нејизниот пријател е осомничен дека учестувал во напад.


Во југозападниот град Манхајм , вчера, исто така, еден маж одбил да го прифати ограничувањето за количеството на купена тоалетна хартија, што може да се купи во еден супермаркет, соопшти полицијата. Тој се обидел да купи неколку пакети повеќе од дозволеното, а кога двајца продавачи се обиделе да го спречат, тој ги бутнал и се обидел да ги удри. Друг купувач се вклучил во турканицата и со колено го удрил во главата еден од продавачите.
Кога полицијата пристигнала на местото на инцидентот, првиот купувач лежел на земјата натепан и бил префрлен во болница. Удрениот продавач побарал лекарска помош.
Во друг инцидент повторно поврзан со коронавирусот, 60 шишенца средство за дезинфекција биле украдени од детска болница во Бремен, јави полицијата.
Во југоисточниот град Нирнберг, пак, од магацин во училиште биле украдени над 600 ролни тоалетна хартија и 20 литри течен сапун, во вредност од 250 евра, јавува локалната полиција.

Прочитајте и ова на иста тема:

Задолжителна редарска служба пред маркетите, аптеките, банките и поштите

Институциите тврдат дека храна има доволно: За поскапување казни до 5.000 евра, па и една година затвор

СЗО тестира 5 лекови за коронавирусот

Шпанија вработува 50.000 здравствени работници

Франција забележа 108 мртви од КОРОНА ВИРУСОТ за само еден ден

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.