Тереза Меј денес во Брисел

Пред утрешниот Самит на ЕУ, на кој треба да биде потврден нејзиниот план за Брегзит денес во Брисел пристигна британската премиерка Тереза Меј. Таа ќе има средби со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Меј ќе има разговори со водечките личности во ЕУ пред Самитот, на кој ќе се соберат членките на 28 држави кои би требало да го потврдат нацрт-договорот за Брегзит. Се очекува тие да потпишат и политичка декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.
Според дипломатски извори се уште останува нерешено прашањето за Гибралтар, британска територија на југот на Шпанија. Како што изјави шпанскиот премиер Педро Санчез европскиот Самит за Брегзит може да пропадне поради спорот околу Гибралтар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.