Тереза Меј денес и официјално си поднесува оставка

Британската премиерка Тереза Меј денес и официјално ќе поднесе оставка од местото лидер на владејачката Конзервативна партија, но ќе остане на премиерското место до изборот на нејзин наследник од редовите на партијата. Извори блиски на Владата соопштија дека во тој преоден период Меј ќе се занимава со тековни прашања во земјата, но не и со Брегзит, со кој ќе продолжи нејзиниот наследник. Премиерката беше принудена да го одложи Брегзит неколку пати, а последниот поставен рок е 31 октомври.
Мандатот на 62-годишната Тереза Меј трае речиси три години, а го одбележа Брегзитот. Од референдумот во 2017 таа се обидува да најде решение за излез на земјата од ЕУ, но тоа беше дочекано со отпор на пратениците и од нејзината партија и покрај постигнатиот договор со првите луѓе на Европската Унија.
Меѓу 11 кандидати за премиерско место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник на Конзервативната  партија кој бил градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. За време на кампањата за референдум Џонсон беше заговарач на Брегзитот.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.