Тереза Меј убедливо поразена

Иако пред почетокот на синоќешното гласање премиерката Тереза Меј им се обрати на пратениците со барање да го изгласаат договорот за да не ја доведат државата во криза тие со убедливо мнозинство од цели 230 гласови против го отфрлија предлогот за излез на Британија од ЕУ. ПРОТИВ договорот за Брегзит гласаа 432 , а ЗА само 202 пратеници. Оваа одлука ќе ги дефинира начинот на излез на Британија од ЕУ, но и нејзината економија.
Ваквиот исход на гласањето ја става Велика Британија во најтешка политичка криза во последните 50 години , без начин како да се спаси од ваквата ситуација на неизвесен исход на целиот процес на Брегзит, пишуваат британските медиуми. Пратениците и дадоа на Меј три дена за да изнајде план Б за Брегзитот, но таквата можност беше отфрлена од нејзиниот кабинет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.