Тереза Меј ја доби поддршката на Парламентот

Еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз премиерката Тереза Меј синоќа го преживеа гласањето за доверба во британскиот Парламент. ЗА Владата на Меј гласаа 325 пратеници, а ПРОТИВ 306. Тоа значи дека таа сега ќе продолжи со разговорите со сите партии за да постигне консензус околу тоа како ќе оди натаму текот на напуштање на Европската унија. Унијата, пак, порача дека нема да прифати нов договор, освен оној, што го постигна со премиерката Меј.
Кога ќе се земе предвид дека се ближи и датумот, 29-ти март, кога е предвидено Британија да го заокружи Брегзит станува многу јасно дека процесот ќе продолжи да биде комплициран.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: