Територијата на Македонија БЕШЕ неделива и неотуѓива

Со договорот од Преспа Заев прифатил промени и на член 3 и 49 од Преамбулата на Уставот на Р.Македонија. Тој бега од одговори и не кажува што ќе менува во член 3 кој гласи: Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласнос со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми. Република Македонија нема територијални претензии.
Не се знае ниту што ќе се менува во член 49, во кој стои дека државата треба да се грижи за нашето малцинство во странство, па само по себе се наметнува прашањето дали и од него ќе се откажеме.
Единствено што до сега се знае е дека во членот 3 на Преамбулата секаде каде што стои Македонија ќе се смени со Северна Македонија. На измените ќе работат комисии конституирани од Собраниото, а процесот ќе следи по Референдумот.
Според Заев сите овие промени кои треба да се случат биле многу логични, тој сакал промените да биле јасно кажани и сега, но со тоа би се влијаело на граѓаните во пресрет на Референдумот.Како резулат од сето ова судијката Гошева предлага Уставниот суд на изјаснувањето во среда да изрече времена мерка стопирање на сите активности за Референдумот.      

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.