Британската полиција денеска во јужниот дел на Лондон уби маж, кој претходно избодел неколку лица, а полицијата смета дека „инцидентот е поврзан со тероризам“.
Се испитуваат околностите, инцидентот се третира како терористички напад, соопшти полицијата на Твитер. Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа Стритхем, во јужниот дел на Лондон, која ја надгледуваат хеликоптери.
Би Би Си објави дека очевидци споделиле на социјалните мрежи оти слушнале три истрели околу 14 часот по локално време. Последен сличен инцидент во Лондон, кој е третиран како терористички акт, се случи во ноември минатата година кога полицијата уби маж кој со нож усмрти две, а повреди три лица