Непознати лица отвориле оган врз членовите на Дирекцијата за борба против тероризмот при руското Министерство за внатрешни работи во Ингушетија.Како што соопшти полицијата, има загинати и повредени.
🇷🇺 An assassination attempt was made on law enforcement officers at a gas station in Ingushetia. There were dead and wounded in the ensuing shootout. An investigation is underway. pic.twitter.com/fYcDwxKsyE— Маrina Wolf (@volkova_ma57183) October 11, 2024
„На патот на влезот во Магаш вечерва непознати лица пукале во автомобил во кој се наоѓале припадници на центарот „Е“ на МВР на Републиката“, изјавил изворот, наведувајќи дека според досегашните информации, загинале неколку лица.Потрагата по напаѓачите е во тек, додека се утврдуваат информациите за загинатите.Полициски извор подоцна појасни дека во нападот загинале еден полицаец и двајца цивили.