Руската противвоздушна одбрана собори беспилотно летало во северозападниот дел на Москва, во близина на насипот Карамашевски и нема поголема штета или повредени.
Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин извести за нападот на Телеграм.
“Направен е обид да се прелета беспилотно летало над градот. ПВО го уништи. Кога остатоците паднаа на просторот кај насипот Карамашевски, никој не беше повреден. Немаше ниту сериозна штета. Екипите на итната помош се на терен. “ напиша Собјанин.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските системи за електронско војување спречиле обид на „киевскиот режим да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објект во Москва“, јави ТАС.
Министерството соопшти дека дронот бил соборен во шумска област западно од Москва.
Претходно, од безбедносни причини беа затворени московскиот аеродром Внуково и аеродромот Калуга, на околу 200 километри од главниот град на Русија.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на Твитер објави видео на кое се гледа густ бел чад, а во описот се наведува дека руските медиуми известуваат за експлозијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: