Тестенини со ореви било омиленото јадење на српските деца во 80-тите: Се спрема за час

Тестенини со мелени ореви било популарно јадење во Србија во 80-тите години на минатиот век. Се служело за ручек и вечера – без разлика дали е слатко јадење.
За јадењето се користел секаков вид тестенини што можело да се најдат дома, како што се полжави, пени, шпагети… Варените тестенини се мешале со путер, мелени ореви и многу шеќер додека не се добие јадење кое го обожаваат и децата и возрасните.
Ви пренесуваме рецепт за тестенини со мелени ореви. Прилагодете ја количината на шеќер по ваш вкус.
Состојки:
300 гр тестенини по желба
150 гр мелени ореви
100 гр шеќер
50 гр путер
1 ванилин шеќер
полномасно млеко по желба
Подготовка:
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Растопете путер во голема тава, додадете мелени ореви, шеќер и ванилин шеќер и добро измешајте. По желба можете да разредете се заедно со малку полномасно млеко.
Во тавата додадете ги сварените тестенини, сè убаво измешајте и послужете ги додека се топли.

Пронајдете не на следниве мрежи: