Тетовец за Нова година ја тепал сопствената сестра и ѝ се заканувал со пиштол

31-годишен жител на Тетово ќе одговара за две кривични дела, откако на 31 декември ја натепал и ја повредил сопствената сестра, а ѝ се заканувал и со огнено оружје, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 31.12.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сестра и ѝ упатувал закани со огнено оружје“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: