петок, 13 ноември 2026
Најново

Тетовец пријавил дека двајца малолетници го заплашувале со нож пред Клиничката болница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 23 септември 2025 година, во 21:50 часот, С.Т.(24) од Тетово пријавил во СВР Тетово дека истиот ден околу 18:45 часот, додека се движел заедно со својата сопруга по улица „29-ти Ноември“, бил заплашен од двајца малолетници пред влезните рампи на Клиничката болница Тетово.

Според пријавата, малолетниците стоеле покрај паркиран мотоцикл и му наредиле на С.Т. да ја соблече маичката, при што му се заканувале со нож. Тој успеал да се заштити, наведнувајќи се да земе камен, по што напаѓачите побегнале.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Поврзани вести