„Тетовски јуриш кон вечноста“ – 76 години од ослободување на градот

„Почитувани тетовчани,
Организацијата на Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи од Тетово Ве повикуваат во предвечерието на 19 Ноември – Денот на ослободувањето на нашиот град Тетово, на 18.11.2020 година во 20 часот од Вашите домови да ја проследите свеченоста со која иако во вонредни околности, на достоинствен начин ќе биде одбележан овој значаен ден, ќе биде прославен роденденот на Тетово, денот на обединување и заедничко оддавање на почит на знајните и незнајни борци кои нѐ задолжија давајќи ни го она кое е највредно – слободата.
Минатата година одбележавме 75 години Слободно Тетово, достоинствено и на високо ниво како што доликува после децении. Во преполната сала и хол на Н.У. Центар за култура „Иљо Антески Смок“ имавме вистински празник на заедништво.
Годинава соочени со вистинска криза предизвикана од коронавирусот одлучивме да пркосиме и да прославиме на соодветен начин и во вакви услови, со цел да создадеме традиција.
Годинава од Вашиот дом, во кругот на семејството, заштитени од вирусот, следете ја пригодната свеченост која ја подготвивме со почеток во 20 часот вечерта на 18 ноември. Премиерата ќе биде емитувана на Телевизија Кис и Менада, Канал Плус Форте Радио 102,3 фм, како и преку live stream на youtube на каналот Слободно Тетово.
Следете нѐ!
„Тетовски јуриш кон вечноста“ во чест на 76 годишнината од славното ослободување на Тетово.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.