Теута Арифи е против задолжително носење маски во Тетово

Теута Арифи е против задолжително носење маски во Тетово

Со новите мерки на Владата ги обврзува граѓаните на Тетово, Куманово и Прилеп да користат маски. Тие се неприфатливи за Теута Арифи.

Таа за Алсат изјави дека ќе бара носењето маски да биде обврзно само во затворени простории.

– Ние сме во редовна комуникација со владините власти, ќе ја споменеме оваа загриженост таму и ќе го дадедме нашето објаснување. Барањето ќе биде главно дека мерките за заштита да се однесуваат на затворени простории, додека надвор да биде како и досега.

Доколку Владата не излезе во пресрет таа нагласи дека ќе бара пари за маските да ги обезбеди државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.