Технологијата ја реши дилемата дали Роналдо му даде гол на Уругвај или не!

Синоќа кога топката влезе во голот на Уругвајците, Кристијано Роналдо прославуваше како тоа да е негов гол, па и во прв момент погодокот му беше припишан нему бидејќи делуваше дека ја закачи топката со глава по центаршутот на Бруно Фернандеш

Но, неколку минути подоцна, ФИФА го објави смени стрелецот и објавен е Фернандеш, а не Роналдо. Ова Светско првенство се игра со топката „Ал Рихла“, на која има сензори кои реагираат на секој допир. Роналдо беше многу блиску, но со радувањето не успеа да ја измами модерната технологија.

Така, технологијата му пресуди на Роналдо, кој тврдеше дека ја допрел топката и дека ова е негов погодок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.